No products in the cart.

Политика за приватност

Со квалитетно и професионално работење – клиентот е секогаш на прво место, Викинг Травел со својот стручен кадар посветува големо внимание и се грижи за заштитата и сигурноста на податоците на своите клиенти во сите свои деловни процеси.

Политиката за приватност Ви појаснува каде и како се чуваат и собираат податоците од страна на Викинг Травел за време на вашата посета на нашите веб страници и како истите се користат. Ова политика не се однесува на Вашата посета на други веб страници, на кои ќе пристапите преку нашата веб страница.

Секој корисник при регистрација и користење на онлајн услугите на Викинг Травел, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност.

Собирање и обработка на лични податоци

Поради системска заштита, секогаш кога ќе ги посетите веб страниците на Викинг Травел, нашиот веб сервер привремено го регистрира вашиот домен и IP адреса на работната страница, заедно со уште неколку технички податоци во сесијата т.е. посетата на веб страниците. Исто така во одредени случаи Викинг Травел може да запише информации во форма на „Колачиња“ на Вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на веб страниците според вашите потреби и навики. Сите информации кои се чуваат во форма на „Колачиња“ можат да бидат искористени само за потребите на веб услугата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена. Личните податоци кои се собираат за време на вашата посета на веб страницата се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на УНИ банка со цел наплата на услуги преку извршување на трансакција. Трансакцијата при наплаќање на услугите е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на УНИ Банка. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. Викинг Травел ниту ги собира ниту има пристап до информациите поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка.

Користење и пренос на лични податоци

Вашите лични податоци ќе ги користиме само поради техничко администрирање на веб страниците и сервиси на Викинг Травел. Дел од вашите податоци (како е-пошта или телефонски број) ќе бидат користени за обработка и директен маркетинг само врз основа на ваша претходно изречена согласност и само во обем неопходен за секој поединечен случај. Податоците нема да бидат пренесувани на државни органи, освен во случаи утврдени со закон. Сите наши вработени се обврзани да ги чуваат и да се однесуваат со вашите податоци како со информации од доверлива природа. Вашите лични податоци нема да се отстапуваат на трети страни.

Одлука на претплатниците

Викинг Травел сака да ги контактира своите корисници за да бидат навремено информирани за сите понуди и новости во однос на нашите продукти и услуги. Доколку се регистрирате на нашата веб страница, Вие се согласувате Викинг Травел да Ви се обраќа преку е-пошта или телефонски број.

Слобода на информирање

Викинг Травел по Ваше писмено барање ќе Ви овозможи увид во сите ваши лични податоци со кои располага (име, адреса и сл.).

Сигурност

Викинг Травел ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за заштита на личните податоци со кои располага, поради спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба. Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.

Контакт

Доколку имате какви и да било прашања или предлози за заштита на личните податоци, можете да не контактирате на е-адресата: skopje@vikingtravel.mk

Авторските права за сите документи (текстови, слики итн.), употребени при изработката на web страницата и припаѓаат на компанијата, освен ако не е поинаку наведено. Преку користењето на web страницата корисникот или трети лица не се здобиваат со авторско право, лиценци или слични права. Документите понудени на web страницата и нивната содржина не смеат да се менуваат, умножуваат, дополнуваат или на некој друг начин да се употребат без предтходна добиена писмена дозвола од компанијата.